Женска тепачка имало во фирма во Скопје
Скопјанка вчера попладне нападнала колешка на работното место.
„На 09.11.2022 во 17.00 часот во Полициската станица Центар, Л.И.(32) од Скопје пријавила дека околу 14.30 часот во работни простории од објект на ул.„Св. Кирил и Методиј” била физички нападната од нејзината колешка Н.А.“, велат од МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Ова не е прва ваква тепачка. Деновиве полицијата извести за женска тепачка на скопските клиники каде се тепаче колешки.Претходно, имаше и две женски тепачки во Скопје, една на автобуска станица и една пред маркет.
Слично
