Женска тепачка имало на скопските клиники
Како што соопшти полицијата, тепачка имало меѓу две жени вработени на клиниките „Мајка Тереза”.
Во Полициската станица Центар вчера во 13.35 часот, С.М.(47) од Скопје пријавила дека околу 12 часот на работното место во една од клиниките во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ нејзе физички ја нападнала нејзината колешка В.М.. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. Неодамна имаше и други женски тепачки во Скопје и тоа на автобуска станица и пред маркет.
Слично
