Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зенитот на АРМ во странски мисии бил во 2008

Зенитот на АРМ во странски мисии бил во 2008

Армијата на Република Македонија била на врвот на својата странска активност во 2008 кога имала 444 свои припадници во четири мисии во светот, предводени од НАТО, ЕУ или Обединетите нации, или речиси 7 отсто од вкупната бројна состојба во тој момент, објави Мета.

АРМ држи уште неколку статистички рекорди во своите операции во странство. Во 2008 година, со мисиите во Ирак и Авганистан, Македонија беше трета земја, по САД и Британија, според процентот на војници во борбени мисии надвор од својата територија. Според силите распоредени во тие две операции апсолутен лидер беа САД, Обединетото кралство учествуваше со околу 6 отсто, а АРМ со околу 4 отсто од вооружените сили.

За споредба, со исклучок на САД и Велика Британија, членките на НАТО во борбени операции просечно испраќале околу 1 отсто од своите вооружени сили.

Во 2010 година АРМ стана и трета земја, повторно зад САД и Британија, според процентот на војници ангажирани во мисијата ИСАФ. Таа година во мисијата во Авганистан учествувале 407 македонски војници, или околу 6 отсто од бројната состојба на АРМ во моментот.

Истата година и официјалните статистики на НАТО ја рангираа Македонија во врвот на листата на учесници во ИСАФ, овој пат според бројот на војници во однос на популацијата на земјата. На таа листа Македонија беше четврта, по САД, Обединетото кралство и Данска.

Статистички, до денес половина АРМ веќе учествувала во мисии. Според министерката за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска, досега повеќе од 4.000 војници биле во операција во сранство.


Слично

Поврзани вести