Жените од Шуто Оризари добија гинеколог, но таа допрва ќе учи македонски јазик
Во Шуто Оризари денеска министерот за здравство, Арбен Таравари ја претстави новата докторка гинеколог Вјолце Мбиара и ја отвори амбулантата за гинекологија во поликлиниката.
Решението е изнајдено по неколку работни средби помеѓу министерот за здравство Таравари, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и министерот без ресор, Самка Ибраимовски.
Докторката Вјолца Мбиара е специјалист-гинеколог со долгогодишно работно искуство, меѓу другото, и во американска болница во Албанија. Таа засега не го зборува македонскиот јазик, но интензивно го учи посетувајќи курс по македонски.
За комуникација со пациентките ќе ѝ помогне медицинската сестра, Неџибе Исмаили која работела во болницата во Чаир.
Во оваа општина жените повеќе години беа без гинеколог.
