Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зениер на Твитер: Лидерите да се исправат пред предизвикот и да ги надминат партиските интереси

Зениер на Твитер: Лидерите да се исправат пред предизвикот и да ги надминат партиските интереси

Политичките лидери мора да ги надминат партиските интереси и да ја решат политичката криза и не смее да се дозволи ова да се прелее во меѓуетнички тензии. 

Ова е главната порака што генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер им ја пренел на претседателот на државата, Ѓорге Иванов и на министерот за надворешни работи, Никола Попоски.

„Утрово се сретнав со претседателот и со министерот за надворешни работи. Мојата главна порака беше дека лидерите мора да се исправат пред предизвикот, да ги надминат партиските интереси и да ја решат политичката криза за доброто на сите граѓани. Не смее да се дозволи ова да се прелее во меѓуетнички тензии!“- стои во твитот на Заниер објавен на Твитер-профилот на Делегацијата на ОБСЕ во Скопје.

Тој на својот Твитер-профил напиша дека на претседателот Иванов му ја нагласил својата „загриженост за политичкиот ќор-сокак“ и дека „вперувањето со прст во меѓуетничките прашања е опасно и контрапродуктивно“.

Зениер е во дводневна посета на Македонија. Тој напиша и дека е „многу загрижен од притисокот врз граѓанскиот сектор“, чија улога, како што напиша е „клучна во демократските процеси“.

Тој  денеска во Скопје имаше средби со претседателот Иванов, шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, лидерите на парламентарните политички партии, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, Беса, Алијанса на Албанците и ДПА, како и со претставници на граѓанските организации.

Слично

Поврзани вести