Жената од Кавадарци која го уби и запали партнерот доби десет години затвор
Кавадарчанката која по физичка пресметка го уби и запали партнерот, доби десет години затворска казна.
Б.М. (52), која лани во септември го избоде со остар предмет, а потоа го запали И.М. (70) во неговиот дом во Кавадарци, е осудена на неправосилна затворска казна од десет години за убиство поради семејно насилство. До правосилноста на пресудата таа ќе биде во притвор. Убиството се случило на шести септември, а телото на починатиот беше пронајдено по два дена.
Слично
