Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жената не можела да се симне од тракторот: Филипче објаснува зошто е вакцинирана во дрвената приколка

Жената не можела да се симне од тракторот: Филипче објаснува зошто е вакцинирана во дрвената приколка

Министерот Венко Филипче попладнево на твитер се обиде да објасни како настанала фотографијата на која медицински сестри вакцинираат повозрасна жена во дрвена приколка при теренската вакцинација која ги зовре социјалните мрежи. Додека повеќето коментари се дека станува збор за фотографија која вистински одразува во каква ситуација е здравството, па коментарите се дека објавата на потегот е „бедна“, Филипче вели дека кога ќе се слушне целата приказна тоа ќе стане гест за поздравување, а не за осуда. 

„Станува збор за брачен пар кој живее во планинските колиби, место над село Ратево, Беровско. Местото е тешко пристапно, а лицата кои се вакцинираат на сликите воопшто не побарале асистенција или превоз од локалниот Здравствен дом во Берово. Тие одлучиле самите да  дојдат на вакцинација до пунктот и се појавиле на местото. На пунктот имало санитетско возило со фрижидер за теренска вакцинација и биле вакцинирани целосно безбедно, спротивно на тоа што сака да се прикаже во јавноста.

Повозрасната жена бидејќи не била во можност да се симне од тракторот, за да не се малтретира, медицинската сестра се качила на приколката за да ја вакцинира. Јас сметам дека тоа е гест за поздравување, а не за осуда, напиша Филипче на Твитер.

Слично

Поврзани вести