Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жената која се фрли во Вардар ја спасил татко и кој и викал и ја тепал

Жената која се фрли во Вардар ја спасил татко и кој и викал и ја тепал

Жената која денеска се фрли во реката Вардар пред Камениот мост, ја спасил нејзиниот татко кој потоа ѝ викал и ја тепал. 

Ова го раскажуваат некои од очевидците кои се нашле на местото на настанот.

Таа веднаш е пренесена во Градската болница „8 Септември“, и е сместена на психијатриското одделение.

Од полицијата информираат дека случајот кај нив е пријавен во 13.30 часот, и дека кога тие пристигнале на местото на настанот ги затекнале М.А. (27) и нејзиниот татко.

„Екипите на МВР констатираа дека затекнатото женско лице М.А.(27) години била извадена од реката од нејзиниот татко М.А.(45). Со возило на Брза помош била пренесена во болницата 8 септември“- велат од МВР.

Жената се наоѓа во стабилна состојба.

Слично

Поврзани вести