Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЖЕНАТА Е УАПСЕНА: Скопјанка го држела дома 12-годишникот кој го нападнал нејзиниот син

ЖЕНАТА Е УАПСЕНА: Скопјанка го држела дома 12-годишникот кој го нападнал нејзиниот син

Скопјанка го држела дома 12-годишникот кој го нападнал син ѝ.

Полицајци од Полициската станица Центар вчера во 18 часот ја уапсиле А.Р.(46). Како што пријавила Ј.М.(35) од Скопје, околу 13 часот во двор од основно училиште на подрачјето на Центар, нејзиниот 12-годишен син физички го нападнал 13-годишниот син на А.Р., по што А.Р. го однела 12-годишникот во својот стан и го држела одреден период, а потоа го однела во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.  Во полициските билтени често има пријави за врсничко насилство. 

Слично

Поврзани вести