Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жена заврши во болница откако воз удри во автомобил

Жена заврши во болница откако воз удри во автомобил

Патнички воз удри во автомобил, a жена со повреди заврши во болница.

На железничка пруга Велес-Кочани,  на патен премин кај селото Лозово, вчера напладне се случи железничка незгода во која патничкиот воз кој сообраќал на релација Скопје-Кочани удри во автомобил со скопски регистарски ознаки.

Автомобилот го управувала 30-годишната И.Б.од селото Милино, која се здобила со повреди и е пренесена во Општата болница Велес, за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.

Слично

Поврзани вести