Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жена заразена со корона избегала од болница

Жена заразена со корона избегала од болница

Жена која била заразена со коронавирусот избегала од струмичката болница. 

Таа во период од 2 до 7 ноември  своеволно, без да потпише изјава и да го информира дежурниот медицински персонал, го напуштила Одделението за инфективни болести при Општа болница – Струмица, каде била хоспитализирана.

Полицијата поднесе кривична пријава против А.А. (58) од с.Вељуса, струмичко, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

Ова не е прв ваков случај. И во скопските болници имаше слични настани. 

Пациент од Битола исто така избега од болницата, по што беше вратен и починал. 

Слично

Поврзани вести