Жена загина на мотор кај Велес, сопатникот тешко повреден
Жена загина во сообраќајка што се случила попладнево околу 16.50 часот на магистралниот пат Велес - Скопје од клучка Катланово кон клучка Петровец на 200 метри после бензинската пумпа Окта.
Според неофицијални информации од Министерството за внатрешни работи, сообраќајката се случила кога мотор со скопски регистерски таблици излетал од патот.
Со моторот се превезувало едно машко и едно женско лице. Женското лице од здобиените повреди починало, а машкото лице било пренесено во Ургентниот центар во Скопје. Идентитетот на лицата се уште не е утврден
Слично
