Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЖЕНА УЦЕНУВАЧКА - скопјанка му се заканувала на маж дека за него ќе објави компромитирачко видео и фотографии ако не и даде пари

ЖЕНА УЦЕНУВАЧКА - скопјанка му се заканувала на маж дека за него ќе објави компромитирачко видео и фотографии ако не и даде пари

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Џ.К.(31) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“, казниво по член 259 од Кривичниот законик. 
„Таа се сомничи дека го уценувала Д.И.(59) од Скопје дека на социјалните мрежи ќе објави фотографии и видео материјал со компромитирачка содржина доколку не ѝ даде пари“, се вели во соопштението од Министерството за внатрешни работи.

По преземени мерки од полициски службеници при СВР Скопје, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, Џ.К. била лишена од слобода и кај неа биле пронајдени дел од парите што ги добила од оштетениот.   

Слично

Поврзани вести