Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жена тешко повредена во Топанско Поле, возачот побегнал

Жена тешко повредена во Топанско Поле, возачот побегнал

МВР во дневниот билтен објави дека 45-годишна скопјанка е тешко повреден откако била удрена од возило, а возачот побегнал од местото на несреќата во скопската населба Топанско Поле. По извесно време возачот Б.К. бил пронајден од полицијата.

- На 22.12.2024 во 09.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Македонско- косовска бригада“ и ул.„Св. Прохор Пчински“ во Скопје, патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(31), удрило во З.П.(45), двајцата од Скопје, и го напуштило местото. По преземени мерки, Б.К. бил пронајден. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила З.П., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје. 


Слично

Поврзани вести