Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жена тешко повредена по пад во отворена шахта на „Партизанска“

Жена тешко повредена по пад во отворена шахта на „Партизанска“

Жена се здоби со тешки повреди по пад во отворена шахта, објави МВР, без да го прецизира местото, освен тоа дека инцидентот се случил на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

„На 12.05.2026 во 16:15 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ - Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена С.Д.(47) од Скопје. 

Според пријавеното, таа се здобила со повредите при пад во шахта на бул.„Партизански одреди“ во Скопје. Извршен е увид“, информира полицијата.


Слично

Поврзани вести