Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жена со нож го пробола сопругот

Жена со нож го пробола сопругот

Жена со нож го пробола сопругот и тешко го повредила, вчера во нивната семејна куќа во штипското село Милино.

Oд полицијата информираат дека завчера околу 22 часот, А.А. (48) од селото Милино пријавил во полиција дека неговата сопруга Е.А. го пробола со нож во стомакот.

Повредениот е однесен во Медицинскиот центар Велес каде му е извршена хируршка интервенција.

Полицијата го расчистува случајот, а против Е.А. ќе биде поднесена кривична пријава.

Слично

Поврзани вести