Жена со дете влегла во лифт, по што тој се откачил
Скопјанката А.В. на возраст од 36 години е повредена откако се откачил лифтот во кој влегла заедно со своето дете. Ова се случило во саботата во зграда на улицата „Вангел Тодоровски“ во населбата Аеродром.
Жената кога влегла во лифтот го притиснала копчето за третиот кат, но лифтот се откачил и паднал едно ниво подолу, соопштија од полицијата.
А.В. добила лекарска помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“ по што е пуштена на домашно лекување.
На местото на настанот е извршен увид и е известен јавен обвинител.
Слично
