Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жена со автомобил кој го бара Интерпол е фатена на Табановце

Жена со автомобил кој го бара Интерпол е фатена на Табановце

Жена со автомобил кој го бара Интерпол ноќеска е фатена на граничниот премин Табановце. 

На  Табановце, во 3 часот по полноќ, на излез од државата, полициски службеници ја уапсиле Т.О.(37) од Гостивар, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција е констатирано дека автомобил  „пежо“ со српски национални ознаки, кое го управувала, е предмет на потрага од Интерпол-Р.Србија, односно пријавено е дека било одземено. Таа е задржана во Полициската станица Куманово. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. 

Слично

Поврзани вести