Жена се здоби со сериозни повреди во пожар во Куманово
На улица „Сава Ковачевиќ“ во Куманово во куќата на Ч.К. изби пожар, при што целосно е опожарено приземјето на куќата.
Во пожарот С.К.(60) се стекнала со тешки телесни повреди, по што поради сериозноста на повредите со возило на Итна медицинска помош е пренесена во Комплекс клиники “Мајка Терезеа” на понатамошно лекување.
Се истражува кои се причините за појава на пожарот.
Слично
