Жена се задуши во пожар во стан во Скопје
Жена загина во пожар кој избувна во стан што се случи на улица Шидска во скопската општина Ѓорче Петров. Привичните информации говорат дека смртта настапила поради загушување.
Според информациите од Противпожарната бригада во Скопје, несреќата се случила попладнево околу 16.25 часот. Опожарени се 20 квадратни метри, а материјалната штета се проценува на 70.000 денари.
На терен интервенирале петмина пожарникари со две возила. Засега нема официјални информации за причините за настанување на пожарот.
Слично
