Жена се повредила на концерт во КИЦ Скопје и завршила во болница откако се откачила решетка од таванот
МВР информира дека доцна синоќа жена била примена со телесна повред во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје откако додека била на концерт во КИЦ Скопје врз неа од таванот паднала решетка од вентилација.
- Доцна синоќа во 23:15 часот во СВР Скопје од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив била донесена 46-годишната М.И. од Скопје, која се здобила со телесна повреда околу 22 часот за време на концерт во Културно информативен центар во Скопје, кога врз неа од таванот паднала решетка од вентилација, информира полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштува СВР Скопје.
Слично
