Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЖЕНА СЕ ПОРОДИЛА ПОД МОСТ ВО ПРИЛЕП: Пожарникари ја пренеле до возилото на брза помош

ЖЕНА СЕ ПОРОДИЛА ПОД МОСТ ВО ПРИЛЕП: Пожарникари ја пренеле до возилото на брза помош

Жена се породила под мостот во Прилеп, јави Маркукуле. Медиумот пренесува дека настанот се случил под мостот на улицата „Димо Наредникот“. На местото биле присутни екипи на брзата помош и пожарникари кои интервенирале да ги извлечат жената и детето од речното корито.

Според неофицијални информации жената која била од ромска национална припадност всушност живеела токму под мостот, а често и помагале жителите од околните згради.

Сведоците велат дека, жената и бебето биле однесени со возило на брзата помош.

Извор и Фото Маркукуле

Слично

Поврзани вести