Жена се обидела да се самозапали во полициска станица
Жена на возраст од 40 години се обидела да се самозапали во полициската станица во Драчево.
Инцидентот се случил вчера околу 23 часот, информираат од полицијата. Жената кажала дека е во депресија и дека сака да си го одземе животот. Во поциската станица е повикан и нејзиниот син. И во еден момент, додека таа разговарала со сменоводителот, извадила пластично шише со течност, се полила и со запалка се обидела да се самозапали.
Полициските службеници и нејзиниот син спречиле да се случи трагедија, а жената потоа била пренесена во Психијатриската болница „Бардовци“.
Слично
