Обид за киднапирање дете - полицијата го истражува случајот
Непозната жена на возраст околу 60 години вчера попладне се обидела да киднапира две годишно дете во населбата Аеродром.
Мајката А.П. (34) пријавила дека додека таа излегувала од супермаркет лоциран во Аеродром, жената се обидела да ѝ го одземе двегодишниот син.
„Од страна на полициски службеници, веднаш е излезено на местото на настанот, извршен е разговор со пријавителката и преземени се сите потребни мерки и активности за расчистување на настанот. Првичните индиции не укажуваат на кривично правен настан. Потенцираме дека детето е со својата мајка, а полицијата во најкраток можен рок ќе го расчисти случајот и ќе ја информира јавноста“- информираат од МВР.
Се работи на расчистување на случајот.
Слично
