Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЖЕНА ПРОНАЈДЕНА МРТВА СО ПРОСТРЕЛНА РАНА ВО ГЛАВАТА - полицијата го приведе сопругот

ЖЕНА ПРОНАЈДЕНА МРТВА СО ПРОСТРЕЛНА РАНА ВО ГЛАВАТА - полицијата го приведе сопругот

Жена на 37-годишна возраст е пронајдена мртва во скопското село Копаница со прострелна рана во главата, соопштија надлежните служби по извршениот увид на местото на настанот.
Од Основното јавно обвинителство Скопје посочија дека Јавен обвинител при и екипи на СВР Скопје извршиле увид на лице место во с. Копаница, скопско, каде беше пронајдено тело на почината 37-годишна жена со прострелна рана во главата. 
- По наредба на јавниот обвинител телото на починатата е дадено на обдукција, а се преземаат и други мерки и активности за целосно расчистување на случајот. Покрај телото е пронајден пиштол „глог19“, сопственост на нејзиниот сопруг. 
Лицето веднаш беше обезбедено и Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка за кривично дело - Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали, по член 396 од Кривичниот законик - посочуваат од ОЈО во објавата. 
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот и притворската мерка е прифатена од Судот. Во меѓувреме, ОЈО Скопје и СВР Скопје продолжуваат да постапуваат за целосно испитување на настанот.

Слично

Поврзани вести