Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жена почина откако автомобил ја удри во пешачка зона во Охрид

Жена почина откако автомобил ја удри во пешачка зона во Охрид


Синоќа се случи тешка сообраќајна незгода на кружниот тек кај Гимназијата во Охрид, јавуваат локални медиуми, а при тоа автомобил удрил во жена и маж во пешачка зона, при што сопругата го загубила животот, а сопругот е тешко повреден.

Според објавените информации, патничко возило од марката „Голф“ излетало од коловозот на булеварот „Туристичка“, влегло во пешачка зона и удрило во ограда.

Смртта ја потврдил за Канал 5 директорот на Охридската болница Хари Шокароски. Сообраќајката се случила на кружниот тек на булеварот Туристичка, кај мини маркет, објави Oхридњус.

Според првичните информации на СВР Охрид до несреќата дошло кога автомобил од засега непознати причини изгубил контрола, преминал преку кружниот тек и излетал од коловозот на спротивната лента и удрил двајца пешаци, од кои жената починала а мажот се здобил со тешки повреди, но е надвор од живона опасност.


Слично

Поврзани вести