Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жена од Скопје го предизвикала пожарот во Волче?

Жена од Скопје го предизвикала пожарот во Волче?

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Македонски Брод до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против С.Б. (75) од Скопје, поради постоење основано сомнение дека сторила кривично дело „Предизвикување општа опасност“. 

Жената на 16-ти овој месец околу 9 часот во нејзина нива лоцирана на место викано „Ограда“ атар на селото Волче, општина Македонски Брод запалила суви дрва - гранки од цреша, со намера наведеното место да го исчисти од гранките. Откако ги запалила гранките и огнот почнал да гори, пријавената го напуштила местото и си заминала во нејзината куќа во Волче. По десетина минути од запалениот оган настанат е пожар кој се проширил западно од местото каде бил предизвикан, односно во правец на куќите од Волче зафаќајќи тревна површина, дрва, гранки. Потоа поради многу жешкото време и силниот ветер - огнот се проширил на голема површина со неможност за контролирање. 

Од предизвиканиот пожар целосно изгореле една куќа, една плевна и делумно се опожарени кровни конструкции на уште една куќа и една викендица во близина на Волче.

Слично

Поврзани вести