Жена од Пробиштип е повредена при експлозија на плинска боца
Повредена жена откако експлодирала плинска боца во нејзиниот дом во Пробиштип.
Во Полициската станица Пробиштип вчера во 12.10 часот е пријавено дека во дом на ул.„Плавица“ во Пробиштип, сопственост на Ј.Ј.(61) и С.Ј. од Пробиштип, експлодирала плинска боца. Ј.Ј. се здобила со повреди и е пренесена во Клиничката болница Штип за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Пробиштип и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Во земјава досега имаше повеќе вакви случаи. При експлозија на боци имаше повредени, а во кумановското село Романовце имаше неколку жртви.
Слично
