Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жена од Прилеп доби пресуда против Македонска пошта поради неиспратен ваучер за ин-витро оплодување

Жена од Прилеп доби пресуда против Македонска пошта поради неиспратен ваучер за ин-витро оплодување

Жена од Прилеп доби отштета на суд од Македонски пошти зашто нејзиниот ваучер за ин-витро оплодување со препорачана пратка на друга адреса, објавено е на страницата на Апелациониот суд минатиот месец.

Жената во април 2023 година до Фондот за здравство поднела барање за одобрување на право на биомедицинско потпомогнато оплодување. Ваучерот требало да и биде испратен преку пошта со препорачана пратка. Жената во меѓувреме веќе почнала да ја прима терапијата и оплодувањето морало да почне на точно определен датум, на 3 октомври 2023 година во приватна болница.Меѓутоа,како што објави Слобоиден печат, Македонски пошти почнале внатрешна контрола и констатирале дека пратката била доставена до непознато, неовластено лице без да биде потврден идентитетот преку лична карта. 

Приватната болница ја известила дека ваучерот е истечен и не може да го користи. Затоа, таа за процедурата платила од џеб 160 илјади денари, односно целата постапка што требало да ѝ биде бесплатна, таа ја платила сама.

Првостепениот суд досуди Македонски пошти да ѝ исплатат на жената 80 илјади денари надомест на материјална штета. Нематеријална штета ѝ е досудена во износ од 40 илјади денари и тоа само по основ на претрпен страв.

Македонски пошти се жалеле на оваа пресуда и тврделе дека „тужителката не ја докажала содржината и вредноста на пратката“. Апелација Битола ги отфрли ваквите наводи на Македонски пошти.

Минатата година Фондот за здравство ја промени постапката за ин-витро оплодувања и сега ваучерите ги доставува наместо преку Пошта, електронски. Дигитализираната и поедноставена постпака значи дека жените добиваат „е-ваучер“ и не се користат услугите на Македонски пошти за доставување на овие ваучери повеќе.

Слично

Поврзани вести