Жена од Кочани собрала 1.200 евра лажејќи дека и’ се за лекување на децата
Измамничка од Кочани собрала повеќе од 1.000 евра лажејќи дека и’ се за лекување на децата и за факултет.
„Пријавената, во текот на 2022 година во три наврати довела во заблуда три лица да ѝ дадат пари во вкупен износ од 1.200 евра, изјавувајќи лажно дека ѝ се потребни за лекување на нејзините деца и за запишување на факултет“, соопшти полицијата.
Полицијата од Кочани поднесе кривична пријава против Х.Д.(40) од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „измама“.
Според податоците од полициските билтени и претходните години имало слични измами.
foto freepik.com/biserkastojanovic
Слично
