Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жена од Кичево и двајца Италијанци краделе пари од банкомат

Жена од Кичево и двајца Италијанци краделе пари од банкомат

А.А. (33) од Кичево е уапсена за оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем. 

Таа од 20 април до 22 август лани украла платежна картичка од З.А., со која живеат во иста куќа во заедница и неовластено ја користела. Од банкомат, експозитура и од други ПОС терминали одзела околу 1.500 евра.

За истото кривично дело пријава заработија и Л.М. (46) и М.Б. (45), двајцата од Република Италија. Тие преку адвокат–полномошник, отвориле две фирми во село Лабуништа, а на име на фирмите отвориле банкарски сметки во локална банка и поднеле барање за инсталација на ПОС терминали на име на фирмите. 

Откако ги добиле ПОС терминалите со наведената функционалност, истите внеле рачно на ПОС терминалите претходно прибавени броеви од платежни картички со туѓи податоци, при што се стекнале со противправна имотна корист од 1.852.393 денари.

Слично

Поврзани вести