Жена од Гостивар ќе одговара за преземање на туѓи фотографии од Фејсбук
47 годишна гостиварка преземала фотографии од Фејсбук, а обвинителство ја гони за злоупотреба на лични податоци.
Обвинителство поведе постапка против неа бидејќи постои основано сомнение дека злоупотребила лични податоци со тоа што во неколку наврати преземала фотографии од Фејсбук профилот на малолетничка и ги прикачувала на нејзиниот профил. На преземените фотографии, осомничената додавала недолични и лажни коментари, кои што предизвикале чувство на омаловажување на малолетничката и нејзината мајка. Осомничената се товари дека го сторила кривичното дело „злоупотреба на лични податоци“. Таа без согласност, на 14 и 15 мај 2021 година, во неколку наврати ги сторила горенаведените активности казниви според член 149 став 1 од Кривичниот законик.
