Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жена од Демир Капија со уцена изнудила 1.000 евра од маж и заврши во притвор

Жена од Демир Капија со уцена изнудила 1.000 евра од маж и заврши во притвор

МВР поднесе кривична пријава против 31 годишна жена од Демир Капија поради изнуда на 1.000 евра од маж со уцени.

Според СВР Скопје, таа во повеќе наврати се заканувала на 45 годишно лице од Скопје и изнудила да и исплати над 60 илјади денари. 

- СВР Скопје поднесен кривична пријава против М.С.(31) од Демир Капија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“ по член 258 од Кривичниот законик. Таа се сомничи дека во повеќе наврати упатила закани кон Г.Р.(45) од Скопје и од него изнудила да ѝ исплати над 60.000 денари, информира полицијата.

М.С. од судија на претходна постапка ѝ била определена мерка притвор во траење од 30 дена.


Слично

Поврзани вести