Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жена настрада во пожар во тетовско Жилче

Жена настрада во пожар во тетовско Жилче

Жена загина во пожар во Тетовско. 

Во тетовската полиција утрово е пријавено дека избил пожар во помошен објект до куќа во тетовското село Жилче. Внатре е пронајдена 80-годишната Р.Ѓ. од ова село. Пожарот, кој го пријавил нејзиниот 44-годишен син,  го изгаснале од тетовската Територијална противпожарна единица. На местото на настанот е извршен увид од Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово.

Од почетокот на годинава имаше уште една ваква трагедија. 

Во кочанското село Грдовци,  избувнал пожар во семејна куќа, при што 46-годишниот сопственик изгорел. 

Слично

Поврзани вести