Жена наместо да седи во изолација се шетала во Охрид
Жена од Општина Дебрца наместо да седи во изолација се шетала во Охрид.
Охридската полиција поднесе кривична пријава против Н.И.(65) од селото Злести, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
На 30 август годинава околу 10.30 часот, пријавената не е пронајдена во својот дом во Злести и покрај тоа што имала решение за задолжителна изолација.
Таа постапила спротивно на одлуките на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
Слично
