Жена изгоре во пожар во Ќерамидница во Скопје
71-годишна жена смртно настрада во пожар во својот дом во Ќерамидница во Скопје.
- На 24.02.2026 во 16:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во населбата Ќерамидница настанал пожар во куќа, сопственост на 71-годишната Т.П. од Скопје, која имала здравствени проблеми.
Од Екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а на местото е пронајдена почината сопственичката. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција, информираа од полицијата.
Слично
