Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жена истепала две девојчиња, а друго девојче е нападнато во Маџари

Жена истепала две девојчиња, а друго девојче е нападнато во Маџари

Жена на возраст од 36 години во трговскиот центар во Лисиче, претепала две малолетни девојчиња, кои веднаш се пренесени во болница каде им е укажана лекарска помош.

„На 23.04.2018 година во 16,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата “Гаврил Константиновиќ“ поточно во Трговскиот центар Лисиче, Д.Ј.(36) го нарушила јавниот ред и мир со физички напад над две малолетни девојчиња. На девојчињата им била укажана лекарска помош во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“. По целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок“- информираа од МВР.

Информираат дека физички е нападнато уште едно девојче на возраст од 12 години, во друг изолиран случај.

„На 27.04.2018 година во 21,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје Е.Б.(37) пријавил дека истиот ден околу 21,00 часот на улицата “Маџари“ од страна на Р.С. физички била нападната неговата 12 годишна ќерка“- велат од МВР.

По целосното расчистување и документирање на настанот, ќе следи соодветен поднесок, се наведува во билтенот на МВР.

Слично

Поврзани вести