Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жена и шестгодишно девојче повредени во сообраќајка

Жена и шестгодишно девојче повредени во сообраќајка

Ф.А.(34) годишна жена и 6 годишно девојче се повредени во сообраќајна несреќа која минатата ноќ се случила на локалниот пат кај селото Добрашинци, на место викано Шапкар.

Е.А. (36) управувајќи автомобил „Сеат“ со струмички регистерски ознаки, изгубил контрола над возилото, излетал од патот,  удрил во бетонски столб и се превртел на кров.

Жената  се здобила со тешки повреди, фрактура на десна потколеница, крварење и отоци во главата која по укажаната лекарска помош во струмичката болница е пренесена во Ургентниот центар во Скопје.

Со полесни повреди во несреќата поминало  девојчето на кое лекарска помош му е укажана во Медицинскиот центар во Струмица.

Полицијата на местото на несреќата извршила увид.

Слично

Поврзани вести