Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жена и дете загинаа во Карпош, сведоци велат дека институциите не ја заштитиле мајката

Жена и дете загинаа во Карпош, сведоци велат дека институциите не ја заштитиле мајката

Мајка со дете во рака се фрли од зграда во Карпош денес околу 14 часот, објави МКД.мк, при што загинае по падот.

Жена на возраст од околу 35 години и девојче на возраст од околу 8 години го загубија животот. 

Според првичните информации, трагедијата се случила околу 14 часот на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, каде двете лица паднале од балкон на шести кат. На местото веднаш пристигнала екипа на Итната медицинска помош, која констатирала смрт кај жената и детето.


Според информациите од местото, тие починале на лице место, а очевидци и соседи од зградата каде живеела жената велат дека таа била малтретирана од сопругот, ама надлежните не ја заштитиле.

На лице место се полициски екипи и се врши увид, по што ќе се утврдува и идентитетот на починатите лица.

Слично

Поврзани вести