Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЖЕНА Е ПОВРЕДЕНА: Eксплодираше плинска боца во Штип

ЖЕНА Е ПОВРЕДЕНА: Eксплодираше плинска боца во Штип

Во експлозија на плинска боца во стан во Штип е повредена жена. 

Во СВР Штип вчера пред 12 часот е пријавено дека на ул.„Вера Циривири Трена“ во Штип настанала експлозија од плинска боца во стан, сопственост на П.Р.(70), при што од притисокот врата и прозорец биле исфрлени од станот и паднале врз паркирано возило „југо“.

Од експлозијата сопственичката се здобила со повреди и е пренесена во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош.

Увидна екипа на СВР Штип излезе на терен. 

Слично

Поврзани вести