Земјотресот во Скопје сепак бил посилен - ЕМСЦ се коригираше
Земјотресот кој го потресе денеска Скопје не бил со јачина од 3.4 туку со јачина од 3.9 степени. Коригираниот податок го објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар. Граѓаните беа испаничени од потресот.

Епицентарот на потресот бил на 9 километри источно од Скопје, на длабочина од 1 километар.
Веднаш по него, за неколку минути, се почувствува и втор послаб земјотрес.
Во соседството, земјотреси имаше во Грција и Албанија.
Слично
