Економија, финансии, бизнис

Контакт

Земјотресот од Романија ги стресе Македонија, Бугарија, Србија и Косово

Земјотресот од Романија ги стресе Македонија,  Бугарија, Србија и Косово

Силен земјотрес од 5.7 степени имаше денеска во Романија, а него го почувствуваа и граѓаните во Македонија. Земјотресот го почувствувале и во Бугарија, Србија и Косово.

Потресот е регистриран на 11 километри северозападно од градот Таргу Џиу. Нема податоци за повредени и за причинета штета. 

Вчера земјотрес од 5.3 степени ја стресе Романија, но и делови од Србија. Српскиот сеизмолог Славица Радовановиќ рече дека синоќешниот потрес не бил главен. 

Пред десетина дена земјотрес од 7.8 степени ги погоди Турција и Сирија, каде има скоро 40.000 загинати. 

Слично

Поврзани вести