Земјотресот од Маврово е почувствуван во неколку градови
Земјотресот кој денеска го стресе Маврово е почувствуван во неколку градови.
Овој земјотрес е почувствуван од населението во Маврово, Гостивар, Тетово, Дебар, Охрид и Кичево со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Земјотрес со локална магнитуда од 3.2 степени по Рихтер е регистриран попладнево во 15.05 часот со епицентар на 65 километри југозападно од Скопje, во епицентралното подрачје Тетово – Гостивар, информираше Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Во регионот денеска земјотреси имаше во Хрватска и Бугарија.
Слично
