Земјотресот ноќеска „здрма“ три града
Земјотресот кој се случи во 1 часот и 2 минути по полноќ е почувствуван во Охрид, Струга и Ресен со интензитет од III-IV степени според Европската Макросеизмичка Скала.
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска регистрира земјотрес чиj епицентaр потекнува од охридското епицентрално подрачје.Според податоците на Европско- медитеранскиот сеизмолошки центар, во 1 часот и две минути, утрово, регистриран е земјотрес со јачина од 3.3 степени со епицентар на 8 километри од Охрид.
Во 2:48 часот регистриран е уште еден земјотрес со јачина од 2.4 степени на 10 километри од Косел со епицентар на длабочина од 2 километри.
Во 3:15 се случил уште еден земјотрес со јачина од 2.7 степени.
Во последниот месец имаше повеќе земјотреси и тоа во истиот дел од Македонија.
Слично
