Економија, финансии, бизнис

Контакт

Земјотресот кој го стресе Прилеп е со епицентар во Грција

Земјотресот кој го стресе Прилеп е со епицентар во Грција

Земјотрес од соседна Грција утрово во 7.40 часот e почувствуван и во Македонија. 

Потресот бил со епицентар во Грција односно на 109 км од Скопје и на 42 км од Демир Капја, стои во извештајот на Европски Медитерански сеизмолошки центар. Земјотресот е со јачина од 3,9 степени според Рихтер, а се јавил на длабочина од 5 км. 

Овој земјотрес го почувствуваа во Прилеп. 

„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, изутринава на 9.4.2017 година, регистрира земјотрес чиj епицентар се наоѓа на 110 км  јужно од Скопје на границата со соседна Грција. Овој земјотрес се случи во 7 часот и 39 минути и беше со јачина од 3.9 според Рихтеровата скала. Според досегашните податоци, земјотресот беше почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала“ - велат од Сеизмолошката опсерваторија во Скопје. 

Земјотрес од Албанија вчера беше почувствуван во повеќе градови во Македонија. 

Слично

Поврзани вести