Економија, финансии, бизнис

Контакт

Земјотресите не запираат - утрово се стресе Делчево

Земјотресите не запираат - утрово се стресе Делчево

Нов земјотрес во Македонија. 

Потрес со јачина од 2.5 степени според Рихтеровата скала утрово во 8.58 часот е регистриран во Македонија.

Според Европската сеизмолошка станица епицентарот на земјотресот бил во Делчево, на длабочина од 2 километри.

Истиот е почувствуван и во соседното Пехчево и околината. 

Вчера и во Скопје околу пладне беше почувствуван земјотрес со јачина од 2.6 степени со епицентар 5 километри источно од Скопје.

Земјотресите се честа појава во последниве месеци во земјава и во соседството. 

Утрово земјотреси имало во Турција, Колумбија, Италија, Франција и други земји. 

Слично

Поврзани вести