Земјотреси во источна Македонија
Серија земјотреси пред два часа се регистрирани на тлото на источна Македонија.
Пехчево и Кочани се градовите каде Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје денеска регистрира земјотреси од кои најсилниот со магнитуда од 3,5 степени според Рихтеровата скала попладнево во 14 часот и 53 минути.
Епицентарот на земјотресите бил на шест километри западно од Пехчево, а се почувствувани со интензитет од три-четири степени според Европската макросеизмичка скала.
Слично
