Економија, финансии, бизнис

Контакт

Земјотрес во Скопје - епицентарот на 5 км од центарот

Земјотрес во Скопје - епицентарот на 5 км од центарот

Земјотрес од 3 степени е регистриран денеска во 12 часот и 44 минути во скопското епицентрално подрачје, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Епицентар на земјотресот е на 5 километри западно од централното подрачје на град Скопје.

Потресот е почувствуван од граѓаните на Скопје, претежно на западниот дел од градот.

Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, потресот е почувствуван и на македонско - косовската и македонско - српската граница. 

Вчера и ноќеска земјотреси имаше во Охрид и Преспа. 

Слично

Поврзани вести