Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Се тресеше Скопје

ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Се тресеше Скопје

Во Македонија ноќеска имаше слаб земјотрес. 

Земјотресот со епицентар на десет километри источно од главниот град Скопје со Рихтерова локална магнитуда ML2.5 е регистриран рано изутринава, објави Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 1 часот и 10 минути на 1 февруари 2025 година регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 10 км источно од градот Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.5, се наведува во соопштението.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во градот Скопје и блиската околина со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.

На 29 јануари, слаб земјотрес имаше во јужна Македонија. Јачината беше од 2.3 степени. 

На 24 јануари, земјотрес од Албанија стресе делови од Македонија. 

Слично

Поврзани вести