ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Се стресоа три македонски градови
Земјотрес ноќеска e почувствуван во Маврово, Гостивар, Дебар и Кичево.
Станува збор за потрес со јачина од 2,8 степени, кој е регистриран ноќеска во 1 часот и 20 минути во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, односно на 65 километри југозападно од Скопje. Земјотресот е почувствуван во Маврово, Гостивар, Дебар и Кичево со јачина од три степени според Европската макросеизмичка скала, информираше Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Вчера земјотрес од 2.1 степен е почувствуван во Битола. Епицентарот бил на 18 километри од градот.
Слично
